Линкови за пристапност

Стефан Плескоњиќ – „Млад Моцарт во ликовната уметност“


По повод Денот на независноста, во македонската амбасада во Вашингтон беше отворена изложба на 14-годишниот уметник Стефан Плескоњиќ, кој веќе има излагано во градови како Њујорк Брисел и Париз.

Македонецот Стефан Плескоњиќ критичарите го нарекоа – „Млад Моцарт во ликовната уметност“. Неговата детска фантазија ги заинтересирала дури и политичарите, домашни и странски. Неговите дела ги фасцинирале лордот Робертсон, починатиот претседател Трајковски, поранешниот премиер Бучковски и актуелниот Груевски.

Ја потенцира огромната поддршката, но и мотивацијата, која ја добивал од претседателот Борис Трајковски:

„Особено голема чест ми претставуваше што имав можност да се сретнам и во повеќе наврати да комуницирам со трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Тој беше човек кој ми остави голем впечаток и бев горд кога разговаравме. Чест ми беше човек од таков калибар да ја вреднува мојата уметност.

Тој вели дека за една слика во просек му се потребни по 5 до 6 минути. Неговиот опус брои преку 300 дела. Стефан црта апстрактна уметност со акрилни бои на картон.

„Јас кога сликам, кога цртам, тоа што го чувствувам во себе го прикажувам на картонот. Не можам да нацртам слика со замисла“, вели Плескоњиќ.

Ова му е 14-та самостојна изложба. Изложува ширум светот, уште од тригодишна возраст. Се претставил во Њујорк и во многу европски градови.

XS
SM
MD
LG