Рускиот претседател Димитри Медведев вели дека новите
податоци укажуваат на можен крај на економската рецесија во Русија.
Медведев во средата истакна дека руската економија
забележала пораст од 7,5 проценти во вториот квартал од годинава, споредено со
првиот квартал. Тој подвлече дека е
забележан позитивен тренд во индустриското производство во Русија, во карго
индустријата, како и системот за превоз.
Рускиот претседател вели дека се надева дека овие знаци
се дел од заживување на руската економија.
Тој сепак додаде дека показателите не се доволно силни за Русија да ги
прекине мерките за економско стимулирање.
Руската министерка за економија Елвира Набиулина во
средата рече дека нејзиниот оддел има подобра прогноза за економски растеж
наредната година. Министерството
предвидува пораст од 1,6 проценти, споредено со претходната прогноза од еден
процент.