Линкови за пристапност

Обама го засилува притисокот за реформа на здравството


Американскиот претседател Барак обама вели дека е време законодавците да ја завршат расправата за реформирање на националниот систем на здравствена заштита и да го усвојат предлог-законот за тој да го потпише.

Зборувајќи пред голема група членови на празникот Ден на трудот во Синсинати, во сојузната држава Охајо, Обама кажа дека е „време да се делува за да се заврши работата".

Претседателот се осврна и на реакциите на противниците на неговите иницијативи, обвинувајќи ги за ширење лажни информации, зашто, како што кажа, нивниот одговор на поправањето на здравствената заштита е „да не се стори ништо".

Тој ја реафирмираше поддршката за најконтроверзниот аспект на демократските предлози за реформа на здравствената заштита, опцијата за владин осигурителен план што ќе биде конкуренција на приватните осигурителни компании.

Обама се обидува да ја поврати контролата на дебатата по ова прашање по интензивните и емоционални протести во врска со реформата на здравствената заштита на собири низ државата од минатиот месец.

XS
SM
MD
LG