Линкови за пристапност

Започна процесот на лустрација во Македонија


По многу иницијативи и најави и во Македонија ке започне процесот на лустрацијата, кој во земјите од поранешиот советски блок беше спроведен уште во раните деведесети со цел да се расчисти со тоталитаристичкото педесетгодишно наследство.

Од 1 до 30 септеври,шефот на државата, премиерот, минстрите, пратениците, градоначалниците и сите други носители на јавни функции законски се обврзани да достават писмени изјави до Комисијата за лустрација за тоа дали во минатото соработувале со тајните служби. Проверката на досиејата ќе започне од 1 октомври. Ако се открие дека некој бил соработник на тајните служби нема да оди во затвор, но Комисијата ќе побара од него да ја напушти функцијата, а неговото име јавно ќе го објави.

„Комисијата нема да биде суд, нема да одзема позиции, или да се заканува некому. Комисијата врз основа на сето она што го поседува како релевантен документ, како релевантен факт, само ќе изведе заклучок и ќе го изнесе својот став, а тогаш кога ќе дојде време, врз основа на поопширни анализи, и врз основа на се` она што го има како документ", вели Ѓорѓи Малковски, заменик преседател на Комисијата за лустрација.

Изјавите кои ке ги достават носителите на јавните функции ке бидат проверени во досиејата кои сега се чуваат во Архивот на Македонија.Таму има околу 36.000 досиеја, поради што во Комисјата за лустрација се жалат дека тоа не е доволен матерјал за да се направи добар увид во фактите. „Најголемиот дел од досиејата се наоѓаат во Белград, и тоа во комплетна форма заради тој реципроцитет што постоел во поранешна Југославија, и за којшто ние, се разбира, не знаеме во колкав број се, во каква состојба се, и за кои лица се работи. Со Белград немаме никаква комуникација воспоставено, затоа што тоа се досиеја коишто се чуваат во нивните служби за безбедност, и коишто досиеја најверојатно никогаш нема да ги добиеме, или можеби во некои подобри времиња, но сега не", вели Ѓорѓи Малковски.

Од своја страна во Архивот во Белград велат дека досиејата се на располагање но дека во Белград никој не се обратил со такво барање. Претсатвник на Архивот во Белград вели дека досиејата се кај нив иако не ја исклучува можноста некои од нив да биле уништени во зградата на српското МВР, која била мета на бомбардирањето на Белград во 1999. Премиерот Груевски, кој денеска ја достави неговата изјава дека не бил соработник, рече дека Владата ќе направи се` што е предвидено според меѓународните процедури за вакви случаи за сите досиеја да бидат на располагање на комисијата за лустрација.

Покрај овие постојат и друи проблеми поради кои некои од експертите не се оптимисти дека процесот на лустрација ке ја изврши својата историска мисија. Професорот Звонимир Јанкуловски, на пример, е скептичен поради, како што вели, отпорите кои постојат кон овој процес во општеството. „Ние сме единствена држава од Источна Европа, каде што опструкцијата на целиот процес на лустрација доаѓа од многу чудни категории, неочекувани," изјави професор Јанкуловски кој беше и еден од учесниците во тимот кој работеше на изработката на законот за лустрација.

XS
SM
MD
LG