Линкови за пристапност

Обама повторно се вклучува во дебата за реформа на здравствениот систем


Американскиот претседател Барак Обама патува за Њу Хемшир во одбрана на планот за здравствена заштита од интензивната опозиција. Тој ќе зборува за предлозите на средба со граѓаните во градот Портсмаут.

Слични средби што ги одржуваа и законодавците од Демократската партија на претседателот Обама беа прекинувани од инциденти на протестанти изминатите недели.
Демонстрантите се против планот на претседателот, вклучувајќи ја и можноста за владина здравствена заштита што на пазарот ќе биде конкуренција на приватните провајдери.

Демократите ги обвинија републиканските лидери дека стојат зад протестите со цел да се прекинат средбите со граѓаните и да ги заплашат законодавците. Во уреднички коментар на весникот Ју-Ес-Еј Тудеј, спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и Демократскиот лидер Стени Хојер прекинувањата на средбите ги нарекоа „неамерикански“.

XS
SM
MD
LG