Американскиот Сенат во вторникот започнува со дебата за потврдување на Соња Сотомајор на испразнетото место во Врховниот суд. Сотомајор ја номинираше претседателот Барак Обама. Се очекува таа да биде потврдена на функцијата, со што би станала првиот судија од латиноамериканско потекло во највисокиот суд на земјата.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид во вторникот го истакна долгогодишното судиско искуство на Сотомајор, како и дека жали што процесот на потрдување толку се исполитизирал.
Првиот човек на републиканското малцинство Мич Меконел, пак, кажа дека кариерата на Сотомајор е импресивна, но дека е загрижен дека таа би можела да дозволи нејзините икуства, а не непристрасното интерпретирање на законот, да влијаат на нејзините одлуки.