Линкови за пристапност

Кина и САД ветија поблиска соработка


Кина и САД по дводневните разговори на високо ниво во Вашингтон ветија поблиска соработка во однос на климатските промени и трговските прашања.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон истакна дека делегациите од обете земји дискутирале за „исклучителен број“ на прашања. Клинтон рече дека и Вашингтон, и Пекинг се загрижени поради тоа што Северна Кореја и Иран развиваат нуклеарно оружје. Обете земји стравуваат дека Иран би можел да предизвика трка во нуклеарно вооружување на Блискиот Исток, кажа првото лице на американската дипломатија.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер соопшти дека двете делегации се согласиле на соработка за глобално економско опоравување. Тој рече дека повторно ја уверил Кина дека САД ќе преземат чекори да го стават под контрола растечкиот фискален дефицит, со цел да се зголеми вредноста на доларот и да се заштити вредноста на огромните кинески инвестиции во САД.

Кинескиот премиер Ванг Чишан вети дека Пекинг ќе ја зголеми потрошувачката побарувачка во Кина за да поттикне домашен растеж. Американски лица побараа таков чекор со цел Кина помалку да се потпира на извоз во САД, а повеќе на развивање на домашните пазари.

XS
SM
MD
LG