Мајкл Кифер е агент за недвижнини. Тој вели дека редовно од него се бара да објасни кои се „еколошките" компоненти на станот што го покажува на потенцијални купувачи. Тоа за идните станари значи помали сметки за струја и поголема заштита на животната средина.
Кифер е еден од специјализираните агенти за недвижнини за еколошки домови. Работи во Вашингтон со околината.
Додека цените на пазарот на домување драстично паднаа поради актуелната економска криза, експертите подвлекуваат дека еколошките домови често се поскапи од традиционалните.
Но, многу потенцијални купувачи, како Ким Корбет Најт, велат дека тоа не ги одвраќа:
„Преферирам повеќе пари да вложам однапред за поголема заштеда на енергија подоцна, и за почиста животна средина", вели Најт.
Сопственикот на куќа Сет Гарланд, вели дека има голема разлика во сметките за струја меѓу традицонален и еколошки дом - една-третина од сметките на оние со традиционален дом со иста големина во зимските месеци.
Оттука, не е за изненадување што барањата за агенти за недвижнини кои имаат сертификат за продавање еколошки домови се повеќе се зголемуваат.