Линкови за пристапност

Убиството на активист за човекови права во Чеченија



Ова е уводник што ги одразува ставовите на американската влада

На 15-ти јули, Наталија Естемирова, еден од главните поборници за заштита на човековите права во Чеченија, беше пронајдена затрелана во Ингушетија. Таа е втор активист за човекови убиен во Русија годинава поради обидот да го сврти вниманието на тешките и континуирани кршења на човековите права во Чеченија.

Како истражувач на Меморијалниот центар за човекови права, Естемирова преку десет години беше во првите редови на напорите да се истражат случаите за кршење на човековите права во Чеченија и да се повика на одговорност за нив. Естемирова работеше на тоа на виделина да излезе насилниот тренд на бесправни погубувања во Чеченија, палења на домови во знак на казнување, грабнувања и произволи притварања, и храбро ги критикуваше властите за прекршоците и за тоа што не ги гони прекршителите. Според Хјуман рајст воч, Естемирова помагала во истраги на неколку такви случаи кога била убиена.

Смртта на Наталија Естиморова е последна во серијата напади и убиства врз новинари, правници, активисти кои бараат правда во случаите на кршење на човековите права, особено во Чеченија. Во јануари, Станислав Маркелов, проминентен адвокат за човекови права, кој застапувал бројни лица чии права биле прекршени во Чеченија, беше застрелан на улица во Москва. Анастасија Бабурова, новинарка која беше со него, исто така беше убиена. Во еден од случаите што привлече најповеќе внимание, истражувачкиот новинар Ана Политиковскаја, беше убиена во октомври 2006-та.

Треба да се спроведе детална истрага за овие убиства и извршителите да се изведта на суд. За грабнувањето и убиството на Наталија Естемирова, портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Мајк Хамер кажа дека „бруталното убиство е особено шокантно затоа што уследи една недела откако претседателот Обама се сретна со активисти од граѓанскиот сектор во Москва, вклучувајќи ги и оние од организацијата на Наталија". Ова ужасно злосторство, рече Хамер, испраќа шокирачки сигнал до граѓанскиот сектор во Русија и меѓународната заедница и илустрира трагично влошување на безбедноста и владеењето на правото во Северен Кавказ во изминатите неколку месеци.

Хамер кажа и дека САД ја повикуваат руската влада да ги изведе на суд одговорните за подмолното злосторство и да покаже дека нема да толерира безаконие и неказнивост.

XS
SM
MD
LG