Американскиот
претседател Барак Обама вели дека жали што неговите зборови придонеле за
ескалирање на вниманието на медиумите и националната дебата во врска со
апсењето на уважен црн професор на Универзитетот Харвард.
Обама ги изненади новинарите на почетокот на
редовниот брифинг за новинарите во Белата Куќа во петокот, велејќи дека зборувал
по телефон со полицаецот што го извршил апсењето во случајот. Претседателот го опиша како „одличен полицаец"
и „добар човек".
Тој им кажа на новинарите дека и натаму верува
оти имало претерана реакција од страна
на полицијата што го извлекла од
неговиот дом, но дека и професорот „најверојатно претерано реагирал" исто така.