Американскиот потпретседател Џо Бајден во понеделник започна тридневна посета на Украина и Грузија што според американски официјални претставници има за цел презентирање на американски предлози за зајакнување на врските со двете поранешни советски републики. Бајден во вторник ќе се сретне со Виктор Јушченко за разговори што ќе се однесуваат на енергијата, економијата и демократските реформи. Тој има одвоени разговори со премиерката Јулија Тимошенко – гласен противник на Јушченко – и ќе се сретне со клучни лица на опозицијата и граѓански лидери.
Пред пристигнувањето на Бајден во Грузија во среда, извештаите велат дека претседателот Микхеил Саакашвили се подготвувал да претстави неколку иницијативи за поделба на власта и нацрт за правење на изборите подемократски и транспарентни.
Саакашвили е наводно подготвен да ги изнесе предлозите во говор пред парламентот подоцна во текот на денот.
Украина и Грузија вршат притисок за влез во НАТО и за посилни економски врски со Запад.