Линкови за пристапност

Клинтон се сретна со индискиот премиер


Американската државна секретарка во понеделник се сретна со индискиот премиер Манмохан Синг во Њу Делхи со кого разговараше за зајакнување на стратешките врски меѓу двете држави.

Клинтон, која е на петдневна посета на Индија се, очекува да има одвоена средба со Министерот за надворешни работи С.М. Кришна подоцна во текот на денот на која ќе се дискутираат билатерални и регионални прашања.

Двете страни се очекува да финализираат два договори. Едниот би им овозможи на американските компании да изградат нуклеарни постројки на две локации во Индија.

Другиот би осигурал дека американската оружена технологија, што била продадена на Индија, нема да заврши во раце на други земји.

За време на посетата на Делхи Универзитетот Клинтон на публиката и` кажа дека наскоро ќе обелодени посеопфатен приод кон американско-индиските релации.

Во неделата, индискиот Министер за заштита на животната средина Џаирам Рамеш го отфрли усвојувањето на обврзувачки ограничувања на испуштањето на јаглероден диоксид според предложениот договор за глобалните климатски промени.

Клинтон рече дека средбата со Рамеш била плодоносна и дека Вашингтон и Њу Делхи можат да изработат план што драматично ќе го смени начинот на производство, користење и конзервирање на енергија.
XS
SM
MD
LG