Линкови за пристапност

Обама номинираше лекар од рурална клиника за главен хирург на САД


Aмериканскиот претседател Барак Обама номинираше афро-Американка, која раководи со здравствена клиника во рурална Америка, да биде новиот главен хирург на САД, функција што се смета за „лицето“ на јавното здравје во САД.

Реџина Бенџамин е семеен лекар од јужната сојузна држава Алабама. Таа во 2008-ма доби парична помош од 500.000 долари од фондацијата „Мек Артур“ за основање на рурален здравствен центар на крајбрежјето на Алабама.Бенџамин работела со население составено од белци, црнци, како и Азијци од Виетнам, Камбоџа и Лаос.

Бенџамин на церемонијата на номинирање во понеделникот во Белата куќа рече дека неколку членови од нејзиното семејство починале од болест што може да се излекува. Таа кажа дека сака да обезбеди дека никој нема да биде испуштен и да не добие здравствена нега.

Главниот хирург на САД е лицето кое издава совети до граѓаните како да избегнат болести и да го подобрат здравјето.За именување на функцијата е потребна потврда од Сенатот.

XS
SM
MD
LG