Линкови за пристапност

Медоф осуден на 150 години затвор


Човекот кој ја призна најголемата измама во американската историја, Бернард Медоф, е осуден на казна затвор од 150 години.

Илјадници луѓе загубија милијарди долари во инвестиционата проневера и некои од нив сведочеа на денешниот распит. Некои зборуваа со голем гнев, други со солзи во очите. Многумина рекоа дека Медоф ги уништил финансиски и го повикаа судијата да му пресуди долгодишна затворска казна.

Медоф им велел дека носи профит на инвеститорите, а всушност на старите инвеститори им плаќал со влогови од новите, додека проневерата не беше откриена во декември минатата година.

Пред судијата да ја изрече казната, Медоф во судот им се извини на оштетените.
Измамата на Медоф не беше неоткриена од финансиските регулатори во САД близу две децении, што поттикна зголемени повици за посилна контрола на системот.
Официјални лица сега истражуваат кои други лица може да биле вмешани во измамата преку семејството и компанијата на Медоф, иако само уште едно лице поврзано со него засега е обвинето за криминални дејства.

XS
SM
MD
LG