Линкови за пристапност

Конгресот реагира на изјавата на Обама за Иран


По речиси двонеделна критика од републиканското малцинство во Конгресот - дека американскиот претседател не бил доволно остар во коментрите за Иран, Обама доби и пофалби.

Конгресменот Џон Бонер, лидер на републиканците во Претставничкиот дом, изјави дека верува оти претседателот ја заострил критиката на иранската влада за насилното задушување на протестите.

„Му честитам на претседателот за овој чекор и потребно е да го продолжиме притисокот врз иранскиот режим“, вели Бонер.

Со 405 гласови „за“ и еден „против“, Претставничкиот дом усвои компромисна резолуција, во голем дел изработена од републиканците, во која се осудува насилството од страна на иранската влада и провладината паравојска врз демонстрантите и укинувањето на независната електронска комуникација преку интернет и мобилни телефони.

Републиканскито сенатор Линдзи Грем во интервју за Пи-Би-Си, за коментарите на претседателот Обама за Иран рече дека се силни. Тој сепак ги нарече неосновани продолжителните изјави на претседателот дека САД мора да избегнуваат ситуации за мешање во внатрешните работи на Иран, за иранската влада да не го искористи тоа како изговор за интензивирање на притисокот врз опозицијата.

Исто така во интервју за Пи-Би-Ес, сенаторот- демократ Џон Кери изјави дека претседателот е апсолутно во право со изјавите за Иран, потенцирајќи дека острата реторика против иранската влада, би била контрапродуктивна.

Во меѓувреме, додека Комисијата за апропријации во Претставничкиот дом гласаше по предлог-законот за странска помош, демократот Нита Ловеј ја истакна конресната солидарност со демонстрантите во Иран.

„Додека овој предлог закон не е поврзан со актуелните настани по изборите во Иран, чувствуваме должност да ја искажеме нашата солидарност со демонстрантите кои се залагаат за слобода на избори во Техеран, согласно со нашите демократски вредности“, изјави Ловеј.

Велејќи дека таа во целост ги поддржува дипломатските напори на претседателот Обама за спречување на Иран да има капацитет за производство на нуклеарно оружје. Ловеј воедно го поддржа амандманот за затворање на јазот во американскиот закон во однос на санкциите против иранскиот енергетски сектор.

Зборувајќи за амандманот, републиканецот Марк Кирк се осврна на убиството на Неда Ага Солтан и на настаните по изборите во Иран.

„Сметам дека е мошне важно, американскиот даночен обврзник да не придонесува за проект што ќе му помогне на претседателот Ахмадинеџад да го реши проблемот со недостиг на нафта. Викендов преку видео материјал бевме сведоци за смртта на Неда, млада девојка која беше убиена на улиците на Техеран. Добивавме и извештаи дури од Иранскиот владеачки совет, дека бројот на гласовите во 50 ирански градови е поголем од бројот на жителите во нив“, изјави конгресменот Кирк.

На изјавите поврзани со Иран реагираше и републиканската претставничка во Конгресот Ајлина Рос-Летинен, која кажа дека администрацијата на Обама треба да им нареди на американските амбасади во светот да ги повлече поканите за иранските претставници за учество во прославите на 4-ти јули, Денот на американската независност.

XS
SM
MD
LG