Нов извештај на американската влада предупреди дека
ефектите од глобалното затоплување ќе станат посурови доколку администрацијата
на Обама не реагира брзо па прашањето.
Над 30 научници од 13 владини американски агенции го
изготвија документот по налог на Белата куќа. Извештајот ги опишува промените
кои се поврзани со климатските промени што се случуваат во САД.
Главниот автор на извештајот, Том Карл, истакна дека
просечно температурата во САД се зголемила за 1,5 фаренхајтов степен во
изминатите 50 години. Тој рече дека САД се изложени на многу повеќе дожд во
форма на поројни врнежи кои може да водат кон поплави и дека има многу повеќе
дожд во зимските месеци отколку снег.
Извештајот предвидува многу зачестени и интензивни топлотни бранови, со зголемен број на случаи на астма и болести кои се пренесуваат преку вода, инсекти и глодари.
Сепак, извештајот вели дека најсериозните ефекти од климатските промени можат да бидат избегнати со преземање итна акција за намалување на емисијата на гасови што ја задржуваат топлината.