Пакистанските власти велат дека армиските сили ги спасиле сите студенти и училишниот персонал грабнати во понеделникот од, како што се претпоставува, талебански милитанти во северозападен Пакистан.
Армиски и владини претставници потврдија дека војниците ослободиле вкупно 71 студент и 9 учители по жестоки битки со милитантите во Северен Вазиристан. Борбите започнале кога армиските сили ги спречиле милитантите во обидот да ги префрлат грабнатите во соседен Јужен Вазиристан.
Нема извештаи за жртви.
Полицијата претходно јави дека во тек се преговори со милитантите со посредство на советот на локалните племенски водачи.
Според властите, грабнувањето било извршено откако тешко вооружени милитанти на Талебан од Северен Вазиристан во понеделникот минале во областа Бану и го пресретнале конвојот со ученици од военото училиште за момчиња “Размак кадет“ во Северен Вазиристан.