Линкови за пристапност

Се зголемува бројот на „проблематични“ банки во САД


Бројот на „проблематични“ банки во САД се зголеми за рекордни 40 проценти во првите три месеци од 2009.

Американските претставници одговорни за надзор на работата на банките, велат дека бројот на банките кај кои се регистрирани проблеми во работењето се зголемил на вкупно 305 за последните неколку месеци од 2008-ма, наваму.

Рецесијата негативно се одразува на банките заради зголемените загуби од кредитите за домување, неможноста за подмирување на заемите во комерцијалниот сектор, проблемите во индустријата на кредитни картички и друг вид на заеми.

Тристотините проблематични банки се дел од преку осумте илјади банки во САД. Надлежните велат дека со тек на време, една на секои десет проблематични банки станува неликвидна и пропаѓа, но депозитите се заштитуваат преку владино осигурување.

XS
SM
MD
LG