Линкови за пристапност

Нетанјаху го условува разградувањето на еврејските населби


Израелски медиуми велат дека премиерот Бенџамин Нетанјаху е подготвен да ги разгради еврејските населби во окупираниот дел на Западниот Брег, но само доколку САД го поддржат израелскиот став во однос на Иран.

Нетанјаху пред членовите на неговата партија Ликуд, истакна дека дека би презел, како што рече, „невообичаен чекор“ на елиминирање на неавторизираните населби, бидејќи верува оти запирање на иранската закана е „приоритет број еден“ за Израел. Сепак, тој подвлече дека на постоечките населби мора да се дозволи да се шират заради, како што го нарече, „природниот прираст“ на нивното население.

САД и другите светски сили го повикаа Израел да ја прекине изградбата на населбите, велејќи дека со тоа се подрива мировниот процес со Палестинците.

Околу половина милион Евреи живеат во населбите во окупираниот Западен Брег и источен Ерусалим, територии што Израел ги одзеде од Палестинците за време на Блискоисточната војна во 1967 година.

XS
SM
MD
LG