Линкови за пристапност

Канцеларија на иднината – интелигентен работен простор


Некои деловни згради се толку непријатни што може да ве разболат. Или се премногу топли или премногу студени или едноставно депресивни. Но тие се лоши и за животната средина. На канцеларии отпаѓа 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија во светот и тие се најголемата причина за глобалното затоплување. Но, оваа ситуација може да се промени. Во моментов, на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург се работи на создавање таканаречен „интелегентен работен простор“.

Професорот Стефан Ли вели дека идејата е просторот постојано да се менува. „Ако нема доволно греење или ако е премногу студено, или можеби премногу светло, за нас е мотивација да се обидеме да го решиме проблемот“, вели професорот Ли.

Овие простории во моментов ги користат постдипломците на Карнеги Мелон и нивните професори. Дури и кога се стемнува, додава тој, овде нема потреба за електрична светилка.

„Внимателно го дизајниравме просторот за да може да ја привлекува дневната светлина. Исто така, имаме можност да ги отвараме прозорците во зградата на начин што обезбедува идеална вентилација, без да има потреба од уреди за регулирање на температурата“, вели професорот Ли.

Интелегентните канцеларии имаат прозорци кои не создаваат одблесок, водоводни цевки во кои се загрева водата од топлината што се создава при рециклирање на отпадоци, а имаат и подвижен мебел и ѕидови.

Оваа лабараторија, како што велат во Карнеги Мелон, е место за експерименти. Професорот Ли објаснува дека еден од студентите тестира биолошко гориво во генераторот во подрумот, додека друг прави анализа на вообичаениот проблем во работните простории –регулирањето на температурата во цела зграда со еден термостат.

Има директна корелација меѓу визуелниот, акустичкиот и термалниот конфор, и способноста на вработените да бидат креативни или ефикасни, вели професорот Ли. „Ова не е создавање конфор само заради конфор“, додава тој.

Визијата на Карнеги Мелон доби примена и надвор од универзитетот. Банката „Пи-Ен-Си“ која има 58.000 вработени и 34 преставништва во САД и во четири земји во Европа, е првиот практичен пример за интелигентен работен простор. За раководството на оваа банка обезбедувањето на идеални услови за работа е меѓу главните приоритети.

Како што вели професорот Ли, ова е вистинско време за ваква новина, зашто климата на политички промени и економски стрес во кои денес живееме резултира со нов ентузијазам за еколошки подобна и интелегентна работна средина да стане реалност.

XS
SM
MD
LG