Линкови за пристапност

Обама ги повика двете страни во дебатата за абортус да не се демонизираат меѓу себе


Американскиот претседател Барак Обама говореше пред дипломците на еден од водечките римокатолички универзитети во САД – Нотр Дам, во Индијана.

Неговата посета и прифаќањето на почесната титула ги разгневи религиозните демонстранти, кои силно се противат на поддршката на Обама на правото на абортус и истражувањата на клетки што поттикнуваат развој.

Со неколку стотици протестанти собрани пред главните порти на Нотр Дам, претседателот Обама внатре доби долг и срдечен аплауз.

Говорот на Обама на неколку пати беше прекинуван од противници на абортусот, но дипломците кои го поддржуваа Обама беа далеку побројни.

Претседателот Обама го почна говорот со ненаметлив хумор знаејќи дека неговата посета е контроверзна: „Ви благодарам за почесната титула. Знам дека и оваа не е без контроверза. Не знам дали знаете, но овие почесни титули тешко се добиваат. Засега имам само една од две можни, како претседател.“

Обама го одржа првиот говор пред штотуку завршени студенти на Универзитетот Аризона пред неколку дена. Универзитетот одлучи да не му додели почесна титула, со образложение дека неговата работата не е завршена.

Во Нотр Дам во неделата, претседателот Обама го истакна прашањето кое ги поларизира Американците со децении – аботрусот. Ги повика луѓето од двете страни на дебатата да бидат отворени за други гледишта и да престанат со демонизирање на другиот: „Можеби не се согласуваме за абортусот, но мора да се согласиме дека оваа тешка одлука за секоја жена не се носи случајно, затоа што има и морална и духовна димензија.“

Во говорот претседателот индицираше дека има волја да направи отстапки во актуелната политичка војна за абортусот, повикувајќи на, како што рече, „сензибилна клаузула за совеста“ во секоја потенцијална нова легислатива што дава простор за избор, со цел лекарите и медицинските сестри кои се против абортусот да не бидат принудувани да го извршуваат.

Политиката на Универзитетот беше да се држат сите протестанти надвор од вратите на кампусот. Конзервативниот политички активист Алан Киис даде објаснување на тоа што, според него, вознемирува многу Католици и Протестанти во врска со доделувањето на почесна титула на претседателот на САД од овој универзитет. Тој вели причина за разгорените страсти е што „Барак Обама е длабоко поврзан со, како што велеше поранешниот Папа Јован Павле, - култура на смртта и убиство на недолжни деца.“

Прашањето на абортусот најверојатно ќе остане доминантно за време на изборот на нов судија за пополнување на испразнетото место во Врховниот суд по најавеното пензионирањето на Дејвид Саутер, летово.


Во одлуката во 1973-та за случајот „Ро против Вејд“, Врховниот суд одлучи поединечните сојузни држави не смеат да го укинат правото на абортус, но не стави крај на политичката битка по ова прашање.

XS
SM
MD
LG