Линкови за пристапност

Свинскиот грип и натаму се шири


Заразата од вирусот А-Х1Н1 на свинскиот грип и натаму се шири во светот.

Белгија во средата потврди свој прв случај на грипот, со што бројот на земји каде има заразени нарасна на 34. Според Светската здравствена организација сега има над 5.700 случаи на заразени.

Речиси сите смртни случаи се од Мексико. Мексиканските власти во средата јавија дека бројот на починати се накачил на 60, но тврдат дека епидемијата е во опаѓање.

Свинскиот грип однесе една жртва во Костарика, една во Канада и три во САД. Американските власти во средата соопштија дека во земјата има 3,300 потврдени случаи, но дека не очекуваат нови.

XS
SM
MD
LG