Линкови за пристапност

Ен-Би-Еј – американска лига, бројни странски играчи, глобален интерес


Своевремено, американската Национална кошаркарска лига, или Ен-Би-Еј, ја сочинуваа само Американци, кои играа строго за американската публика. Тоа со годините се менуваше, и само оваа сезона, во лигата настапуваат кошаркари од 32 други земји.

Србинот Александар Павловиќ ги брани боите на Кливленд Кавалирс.

„Секое дете сака да игра кошарка. Во Европа и во Србија има многу талентирани играчи. Се надевам дека ќе го искористат својот тален за да дојдат тука“, вели Павловиќ.

Се` повеќе млади играчи од странство стануваат дел од Ен-Би-Еј. Пол Гасол е Шпанец и клучен играч за Лос Анѓелес Лејкерс. Многумина аналитичари сметаат дека во финалето на Ен-Би-Еј ќе влезат токму Лејкерс и Кавалирс, кои во своите редови го имаат Зундрунас Илгаускас од Литванија.

Во лигата сезонава настапија 77 кошаркари од странство, што е еднакво на просекот од изминативе седум години, кога учеството на странски играчи го достигна својот врв. За споредба, од 1946-та па се` до средината на 80-те години, во лигата немало повеќе од 10 странски играчи.

„Мошне е важно меѓународните играчи да бидат дел од лигата бидејќи настрана од Ен-Би-Еј, настрана од спортот, токму тоа е поентата на светот, се работи за една меѓународна заедница. Овие играчи придонесуваат многу за играта“, вели Мајк Браун, тренер на Кавалирс.

„Географијата“ на Ен-Би-Еј е шаренолика: настапуваат играчи од речиси сите делови на светот: Јао Минг од Кина, Хидо Туркоглу од Турција, Андерсон Варежао од Бразил и Тим Данкан од Девствените Острови.
Сепак, речиси две третини од странските кошаркари доаѓаат од Европа. Девет играчи се од Франција, меѓу нив и Тони Паркер од Сан Антонио Спарс. И Балканот котира високо во бројот на дадени играчи во Ен-Би-Еј: 21 играч од Србија, 11 од Хрватска и 8 од Словенија.

Фабрицио Оберто од Сан Антонио Спурс настапуваше за Аргентина на Летните олимписки игри во 2004-та, на која се закити со златен медал.

„Навистина уживам да настапувам во Ен-Би-Еј. На едно место се најдобрите кошаркари, најдобрите спортисти, најдобрите тимови и организација“, коментира Оберто.

Гилберт Аренас од Вашингтон Визардс смета ека меѓународните играчи помогнале во подобрување на квалитетот на лигата. Познати или не, тие доаѓаат во Ен-Би-Еј со огромни познавања, вели Аренас.

XS
SM
MD
LG