Линкови за пристапност

Телефонски разговор Барак Обама - Ху Џинтао


Американскиот претседател Барак Обама по телефон разговарал со кинескиот претседател Ху Џинтао на повеќе теми, од глобалната економија па се` до светските здравствени прашања, а изразиле и загриженост за развојот на настаните во Пакистан и во Северна Кореја.

Кинеската официјална агенција Ксинхуа јави дека Џинтао му порачал на Обама дека Кина сака да соработува во справувањето со финансиската криза и други глобални и регионални прашања. Портпарол на кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека двајцата дискутирале и за напнатоста на Корејскиот Полуостров, како и за ситуацијата во Јужна Азија.

XS
SM
MD
LG