Линкови за пристапност

Економијата на ЕУ во многу полоша состојба од предвиденото


Европа доби нови лоши економски вести со најавата на 27-члената Европска унија дека деловниот пад годинава ќе биде многу полош од претходно прогнозираното.

Економијата на ЕУ се очекува да забележи пад од четири проценти годинава – двојно повеќе отколку што беше предвидено во јануари. Тоа е само една од неповолните вести што ги соопшти Европската комисија, извршната рака на ЕУ. Така, невработеноста во ЕУ би требало да нарасне на 11, 5 проценти до 2010-та – најголемо ниво од Втората светска војна - наваму. Во време кога владите инвестираат во планот за економско стимулирање, нивниот дефицит се очекува да нарасне на речиси 7, 5 проценти од бруто домашниот производ, што е двојно повеќе од износот што го дозволуваат правилата на ЕУ.

Еврокомесарот за економски прашања Жоакин Алмунија се обиде да понуди и посветла страна на работите.

„Изминатите недели се случија некои позитивни сигнали, вклучувајќи и заживување на финансиските пазари, подобрување на деловните очекувањата, подобрување на извозот во Азија – сите укажувајќи на стабилизирање на економијата во втората половина од годинава и постепено подобрување во 2010-та“.

Но, економската ситуација во Европа најверојатно ќе се влоши пред да се подобри. ЕУ предвидува дека германската економија, најголемата на Стариот континент, да забележи опаѓање од 5,4 проценти годинава, што е поголемо од просекот во ЕУ. Економијата на Летонија ќе биде уште потешко погодена – се очекува пад од 13,1 отсто во 2009-та, додека ирската економија би требало да опадне за девет проценти.

ЕУ предвидува дека опоравувањето би можело да започне наредната година, но само доколку банкарскиот систем и меѓународната трговија застанат на здрави нозе

XS
SM
MD
LG