Линкови за пристапност

Расте стравувањето од пандемија


Претставници на здравството од светот преземаат итни чекори за контрола на ширењето на вирусот Ха-1-Ен-1, познат како свинскиот грип, што е на работ на пандемија.

Од овој нов вид на вирус во моментов се заразени илјадници луѓе во светот, а бројот на смртни случаи за кои постои сомневање дека се причените од вирусот и натаму расте.

Светската здравствена организација го подигна нивото на тревога од свински грип на петти степен, што значи дека во секој момент е можна пандемија. Тоа е ниво за само еден степен пониско од највисокото, што означува објавување на пандемија, што, пак, по дефиниција е географски широко географко подрачје каде голем дел од населението е заразено со болеста.

Мексико, каде за прв пат се појави Ха-1-Ен-1 и каде за регистрирани најголем број на случаи на заразени, вложува напори да го потврди точното ниво на раширеност на вирусот и опасноста од него. Засега надлежните велат дека од вирусот се заразени 100 лица, од кои 8 починале. Постои сомневање дека од Ха-1-Ен-1 во Мексико починале и 20-тина други лица.

Се стравува дека дека бројот на заболени и бројот на смртни случаи причинети од појавата на овој нов вирус, и натаму ќе расте.

СЗО „итно“ побара од сите земји во светот да вложат напори во спречување на ширењето на вирусот. Генералниот директор на организацијата, Маргарет Чен изјави дека е очигледно оти започнува нова пандемија, но не е познато какви последици ќе има од појавата на Ха-1-Ен-1.

Засега има потврдени случаи на болеста во 12 држави на три континенти.

XS
SM
MD
LG