Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ги поттикнува луѓето да останат дома додека федералната влада ги суспендира активностите што не се неопходни во напор да се спречи ширењето на свинскиот грип.
Во обраќање, пренесувано на
телевизијата доцна во средата, Калдерон кажа дека домот е најбезбедното место
за Мексиканците во ова време.
Мексиканската влада ги суспендира активностите кои не се неопходни
за наредните пет дена, започнувајќи во петок. Мексиканскиот министер за здравство, Хозе Кордова,
кажа дека прехранбениот, медицинскиот и сообраќајниот сектор нема да бидат
пореметени. Тој исто така кажа дека има 99 потврдени случаи на свински грип во Мексико, од кои
осум се починати.
Светската здравствена организација го крена нивото на претпазливост за свински грип на Фаза 5, индицирајќи дека пандемија може да е неизбежна. Тоа е еден степен пониско од објавување на пандемија, која е дефинирана како болест што се јавува во широко географско подрачје кај исклучително висок размер меѓу популацијата.
Европската Унија ќе одржи итни разговори во четврток во Луксембург за да се дискутира за кризата.Американскиот претседател Барак Обама вели дека избивањето на свинскиот грип е причина за длабока загриженост, но не и за паника.