Линкови за пристапност

Сенатот го потврди  новиот секретар за здравство


Во време кога земјата презема мерки за справување со свинскиот грип, американскиот сенат ја потврди номинацијата на претседателот Барак Обама за секретар за здравство – гувернерката на Канзас Катлин Сибелиус.

Демократскиот сенатор Марк Ворнер од сојузната држава Вирџинија ги повика колегите да ја одобрат номинацијата, истакнувајќи дека тоа е од суштинско значење за реакцијата на САД на свинскиот грип. Но, некои републикански сенатори ја критикуваа Сибелиус за ставовите за реформите во здравствената заштита и абортусот.

Над десетина клучни позиции во американската влада што се однесуваат на системот на здравствена заштита и натаму се празни, во време кога Кабинетот на претседателот Обама навршува сто дена од доаѓањето на власт.Меѓу оние кои чекаат нови раководители се и Управата за храна и лекови, Центарот за контрола и спречување на болести, Националниот институт за здравство и Канцеларијата на главниот американски хирург.

XS
SM
MD
LG