Линкови за пристапност

Свинскиот грип погоди многу индустрии


Појавата на свинскиот грип погоди различни индустрии, од авионската до онаа за преработка на свинско месо.

Авионските компании, кои и онака имаа финансиски проблеми поради рецесијата, сега трпат намалена побарувачка за патувања во Мексико - популарна туристичка дестинација.Намалената побарувачка на керозин негативно се одрази и на нафтените цени.

Одгледувачите на свињи и земјоделците кои одгледуваат сточна храна имаат проблеми поради падот на цената на нивните производи, откако некои држави забранија увоз на свинско месо од Мексико и делови од САД.До падот на продажбата дојде иако здравствените експерти тврдат дека добро подготвеното свинско месо не пренесува свински грип.

Трговците со девизи продаваат мексикански пезоси и други валути и купуваат американски долари и јапонски јени, верувајќи дека тоа ќе им донесе одредена сигурност за време на кризата.

XS
SM
MD
LG