Линкови за пристапност

ММФ предвидува бавно глобално опоравување од финансиската криза


Оливиер Бланшард, главен економист во Меѓународниот Монетарен Фонд, вели дека светот апсорбира огромен шок од финансиската криза и рецесија што во САД започна во 2007 година.

ММФ предвидува дека годинава светската економија ќе опадне за 1,3 проценти, најлошо ниво за период од преку 60 години. Опоравувањето се очекува да започне кон крајот на оваа година и се предвидува економскиот развој до 2010 година да достигне само 1,9 проценти.

„Намалената потрошувачка доведе до нагло намалување на производството и нагло намалување во извозот. Бруто домашниот производ опадна за неверојатни шест проценти на годишно ниво во последниот квартал од 2008 година, колку што е можно сега да кажеме, најверојатно со исто такво темпо опаднал и во првиот квартал на 2009“, изјави Бленкард.

Глобалната економска криза ги изненади надлежните во ММФ кои само пред три месеци предвидоа мало подобрување на економската ситуација во 2009, а не опаѓање. Бланшард очекува опоравувањето да се одвива бавно, а невработеноста во поголемите градови во светот да се почне да се намалува дури кон крајот на 2010 година.
Бланшард и неговите колеги додаваат дека нестабилноста во банкарскиот систем претставува дополнителен ризик.

„Банките и натаму минуваат низ период на затегнување на стандардите за давање кредити и заеми. Што подолго ова се одвива, толку подлабоко ќе западнеме во рецесија. Подолга и подлабока рецесија значи влошување на здравјето на финансискиот систем.

ММФ проценува дека загубите поврзани со лошите кредити за недвижнини, главно во САД и Европа, ќе достигнат четири трилиони до крајот на наредната година. Годинава светската трговија веројатно ќе опадне за 11 проценти, додека во 2008 се прошири за три проценти.

ММФ вели дека американската економија годинава веројатно ќе намали за речиси три проценти, а во 2010 економскиот растеж ќе биде нула. Растежот во земјите од евро-зоната годинава ќе биде уште побавен, четири проценти во во негатива. Јапонската економија се очекува да се намали за шест проценти. Кинескиот развој е во застој за 6,5 проценти, а индиската економија опадна за 4,5 проценти. Африка, каде доцни ударот од кризата, економијата расте со годишна стапка од два проценти.

XS
SM
MD
LG