Линкови за пристапност

Познатите и каузите:  од хуманитарни прашања до климатските промени


Актерите, манекените и музичарите често се присутни во медиумите со каузи надвор од нивните професии. Анџелина Џоли, Боно и Леонардо ди Каприо се само едни од познатите кои ги позајмуваат своите лица за да го привлечат вниманието за решавање на хуманитарни прашања, проблемите на сиромашните земји и климатските промени.

Музичарите со години се организираат за да го свртат вниманието на јавноста на гладта и сиромаштијата во Африка. Познатата нумера од 1985-та, „Ние сме светот", во која заедно настапија најпознатите музички ѕвезди во светот, беше хит број еден, но во исто време отвори дебата за улогата на познатите во хуманитарни цели и за тоа дали сораните средства завршуваат во рацете на оние на кои најмногу им се потребни.

Питер Кеслер од Високиот комесаријат за бегалци при ОН коментира дека познатите во улога на диломати на Светската организација помагаат да се допре до луѓето кога кампањите не успеале во тоа.

-Како во случајот со принцезата Дијана, која подаде рака на болен од СИДА. Тој гест ја прошири пораката дека тие луѓе не се закана за другите, туку дека се во опасност, како и дека и вие можете да допрете до овие луѓе, дека не мора да бидете славни за да го сторите тоа, вели Кеслер.

Каузата на актерот Леонардо ди Каприо се климатските промени. Вели дека со неговиот документарен филм „11-от час" го нашол она по што одамна трагал – чувство на корисност.

Бароницата Керолин Кокс е меѓу истакнатите хуманитарци во Британија. Таа со децении свртува внимание на гладните и угнетените во Бурма, Уганда и Источен Тимор.

Актерот Бен Афлек лани направи пропаганден филм за ОН за бегалската криза во Конго и ги убеди „Ролинг стоунс" да го подарат профитот од песната „Дај ми засолниште" за таа цел.

Актерката Миа Фероу на десетпати ги посети бегалските кампови во Судан и лобираше режисерот Стивен Спилберг да се откаже од функцијата уметнички директор на Олимписките игри во Пекинг, тврдејќи дека Кина ја финансира граѓанската војна во Судан во замена за нафта.

Измина речиси четвртина век од познатата нумера „Ние сме светот", а славните и натаму работат за да им помогнат на оние во неволја...во свет во кој според УНИЦЕФ, дневно од сиромаштија умираат околу 30.000 деца.

XS
SM
MD
LG