Линкови за пристапност

Пилотот на Цесната сакал да се самоубие


Според полицаецот Џастин Ватсон од сојузната држава Мисури, пилотот кој со украден мал авион од Канада навлегол во американска територија, сакал да биде соборен од американските бомбардери.

Ватсон во изјавата за телевизијата Еј-Би-Си рече дека пилотот имал намера да изврши самоубиство.

Властите велат дека пилотот, 31-годишниот Адам Дилан Лион го украл едномоторецот од типот Цесна од Центарот за воздухопловна обука во Тандер Беј, Онтарио. Од Канада прелетал над сојузната држава Висконсин, каде бил пресретнат од американските воени авиони. Тој ја игнорирал наредбата од американските бомбардери и контролата на летање да се идентификува и да изврши принудно слетување. Според властите, пилотот прелетал над три сојузни држави во САД, по што конечно слетал на автопат во Мисури. Веднаш потоа се обидел да избега, но полицијата го уапсила.

XS
SM
MD
LG