Линкови за пристапност

Обама во Турција вети ново поглавје во односите на САД со муслиманскиот свет


Американскиот претседател ја заврши дводневната посета на Турција со обраќање пред група студенти во кое вети ново поглавје во односите на САД со муслиманите и остатокот од светот.

На средбата во Истанбул Барак Обама повика на поголемо разбирање меѓу земјите и ја повтори американската определба за обнова на односите меѓу САД и муслиманскиот свет. Тој истакна дека САД, како и секоја друга земја, имаат направено грешки.

Обама претходно се сретна со муслимански, христијански и еврејски лидери во Истанбул, а ги посети и Света Софија и Сината џамија.

Турција е последната станица од европската турнеја на американскиот претседател. Тој учествуваше на Самитот на Групата 20 најразвиени економии во Британија, на Самитот на НАТО во Германија и Франција, како и на средбата САД-ЕУ во Чешката Република.

XS
SM
MD
LG