Линкови за пристапност

НАСА: Нема опасност за Меѓународната вселенска станица од парчињата на распаднатиот сателит


Американската агенција за истражувања во вселената истакна дека членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица не треба да стравуваат од парчињата на распаднатиот стар сателит од советско потекло.

НАСА синоќа соопшти дека нема потреба станицата да ја смени местоположбата. Експертите го следеа движењето на парчињата од сателитот, загрижени дека можно е денеска да се приближат до Меѓународната вселенска станица пред пристигнувањето на спејс-шатлот Дискавери.

Минатата недела, тројца членови на екипажот на станицата мораа да бидат евакуирани, кога имаше закана друго парче да ја погоди Меѓународнта вселенска станица. Тоа не се случи и астронаутите се вратија назад.

XS
SM
MD
LG