Линкови за пристапност

ММФ прогнозира опаѓање на светската економија


Директорот на Меѓународниот Монетарен Фонд Доминик Штраус-Кан вели дека годинава светската економија најверојатно ќе доживее пад, што некои веќе започнаа да го нарекуваат „Големата рецесија“.

Во неделата, Светската банка даде слична прогноза, дека глобалната економија во 2009-та ќе опадне – за првпат од Втората светска војна – наваму.

Штраус-Кан на конференција во Танзанија кажа дека наглото опаѓање на светската трговија најверојатно ќе им наштети на економиите во Африка.

Раководителот на Американските федерални резерви Бен Бернанке, пак, предупреди дека не е можно оддржливо економско опоравување без темелна реорганизација на финансиската регулатива. Бернанке кажа дека официјалните лица во САД и ширум светот ќе направат грешка доколку се фокусираат само на зајакнување на регулативата за одредени сектори на економијата, како банкарството на пример. Бернанке коментираше во време кога американските законодавци започнаа да работат на легислатива за зајакнување на финансиската регулатива, а клучни лица од оваа област се подготвуваат за средба во Лондон воочи престојниот самит на 20-те најголеми економски сили.

XS
SM
MD
LG