Линкови за пристапност

Во време на  рецесија – гладните најмногу на удар


Додека најголем дел од публицитетот што ја опкружува глобалната рецесија се фокусира на луѓето што губат работа или заштедите за пензионирање, има милиони кои секојдневно живеат на работ на опстанок. Гладните.

Од луѓе кои се борат со поплавиво Бангладеш да добијат помош во храна, до деца во Северна Кореакои живеат на малку повеќе од еден бисквит на ден, па до Авганистанците кои се редат за вреќи брашно- сето тоа е лицето нагладта во светот.

ОН велат дека речисиедна милијарда луѓе, или едно на шест лица, одат гладни на спиење секоја вечер. Агенциите кои ја следаткризата со храна велат дека тоа нема наскоро да се промени на подобро.

"Ја донесов оваа шолја за да покажам дека за најранливите кои често имаат само толку храна на ден, со удвојување на цената нахраната, е намалена на половина", велиЖозет Ширан, извршен директор на Светската програма за храна на ОН, која деновиве во Вашингтон зборуваше за кризата со храна.

Нова студија на истражувачкиот институт Чатам Хаусод Лондон најде дека по краткото паѓање на цените на храната во втората половина на 2008, тие повторно ќе се кренат заради недоволна понуда.

Таа вели дека децата се најранливи кога имаат исхрана сведена на една чинија ориз на ден и често работат со возрасните. Многу од семејствата живеат со еден долар на ден што можат да го потрошат на храна.

" Затоа сакаме да им помогнеме на оние кои се најпогодени, децата, пациенти со ХИВ и СИДА, да добијат барем една шолја храна на ден, да ја преживеат кризата ", вели Ширан.

Извештајот на Чатам Хауснајде дека климатските промени, недостигот на вода и натпреварот заземја се меѓу најголемитефактори кои имаат негативен одраз на производството и дистрибуцијата на храна.

Студијата предлага поголемо странско инвестирањево земјоделието, со посилна нагласка на малите фарми и образование замодерни методи на иригација.

И Чатам Хауси Светската програма за храна бараат поголеми напори за отворање на пазаритеза сиромашни нации.

XS
SM
MD
LG