Линкови за пристапност

Обама планира повлекување на сите американски борбени трупи од Ирак до август 2010


Обама објави 19-месечен план за повлекување на војниците од Ирак за време на говорот во армиската базата Лежун во сојузната држава Северна Каролина.

Планот на Обама предвидува во Ирак да останат околу 50.000 војници, и тоа во ограничени мисии на обука и борба против тероризмот. Претседателот сепак има намера да ги повлече сите трупи до крајот на 2011 година.

Обама истакна дека Ирак се` уште не е безбеден и оти престојат уште многу тешки денови. Сепак, вели тој, САД мора да се рефокусираат на други приоритети, како Авганистан и Пакистан.

Временскиот рок е за три месеци подолг од ветениот за време на предизборната кампања на Обама. Официјални лица велат дека планот ќе овозможи САД и натаму да имаат моќно присуство во Ирак за време на серија регионални, како и национални избори во оваа земја, закажани кон крајот на годината.

Во Ирак се наоѓаат околу 142.000 американски војници.

XS
SM
MD
LG