Линкови за пристапност

Надеж за луѓето кои останале без рака


Има надеж за оние кои изгубиле рака. Нова техника може да им помогне да добијат голем дел одфункцијаташто ја имале пред тоа. Потребна е операција и усовршен тип на вештачка рака.

Џеси Саливан бил електричар кој сакал риболов и кампирање, но ги изгубил двете раце работејќи на електропроводници.

Во тоа време доктор Тод Каикин развил техника токму во оваа област: "Тоае техника на поврзување нанервите од раката со различни мускуливо остатокот од екстремитетот или градниот кош."

Електроди поставени на мускулите функционираат како антени кои добиваат сигналиод мозокот што го насочуваатдвижењетона простетичната рака.

„Кога пациентот мисли "затвори ја дланката", на пример, мал дел од мускулот од неговиот бицепс или на градите се собира. Ние може да го употребиме тој сигналза да и кажеме на простетичната дланка да се затвори, " вели доктор Каикин.

Релоциранитенерви произведуваатисто чувство како кога биле наоригиналната локација.

Доктор Каикин ја рафинирал техниката и известува дека пациентите сега можат да изведуваатразлични движења со шаката, со зглобовите налакотот и дланката, што е голем напредоксо споредба сотипична простетична рака:

"Пациентот не вели само, 'Сакам да ја отворам и да јазатворам дланката,' туку ние можеме да ја контролираме, до одреден степен, слободата на зглобовите, нивна ротација и флексибилност, но иразлични видови на движење на прстите зависно од предметот што се сака да се зграби."

Саливан беше првиот пациент-корисник на оваа техника.Тој вели: "На почетокот бев уплашен, не знаев што да очекувам, но јас немам ништо да загубам. Напротив, можам само да добијам."

Истражувањето на доктор Каикин е објавено во новото издание наЖурналот наамериканската медицинскаасоцијација.


XS
SM
MD
LG