Претставничкиот дом го усвои законот за економско стимулирање од 787 милијарди долари, но без поддршка од Републиканците.
Планот е одобрен со 246 гласа ЗА и 183 Против. Во пакетот се вклучени даночни кратења и проекти за заживување на домашната економија. За него треба сега да се гласа во Сенатот, каде најверојано ќе ја добие истата поддршка по партиска линија.
Повеќето Републиканци негодуваат дека во законот има премногу владини трошоци, а недоволно даночни кратења. Други велат дека немаат доволно време да го прочитаат законот на 1000 страници.
Американскиот претседател Барак Обама продолжи со заложбата за побрзо усвојување на законот. Пред група бизнисмени во Белата куќа, тој рече дека планот ќе создаде отварање на 3, 5 милиони работни места и ќе поттикне придвижување на потрошувачката моќ на потрошувачите и бизнисите.
Конечниот закон е компромис меѓу верзиите што минаа во Претставничкиот дом и во Сенатот.