Линкови за пристапност

Сенатот и Претставничкиот дом го усогласуваат пакетот за економска обнова од над 800 милијарди долари


Во американскиот Конгрес започна усогласувањето на пакетот за економска обнова во вредност од над 800-тини милијарди долари. Сенатот вчера одобри своја верзија и сега таа треба да биде усогласена со малку поинаквата што претходно ја усвои Претставничкиот дом. Претседателот Барак Обама се надева да ја потпише конечната верзија до 16-ти февруари, со што таа ќе стане закон. Тој самиот го предложи пакетот како решение за тековната економска рецесија. Според Обама, секакво одлагање би значело натамошен број на Американци да ги загубат своите работни места, заштеди и домови.

Пакетот - што претставува комбинација на владини средства за проекти од јавен интерес и даночни скратувања - наиде на мала поддршка од опозиционата Републиканска партија. Републиканците тврдат дека мерката вклучува многу непотребни трошоци а малку даночни олеснувања.

Во друг обид за заживување на економијата, секретарот за финансии Тимоти Гајтнер вчера го претстави планот за помош на американскиот банкарски систем во вредност од околу 2 трилиони долари. Меѓу бројните иницијативи што ги предложи Гајтнер е и проширување на програмата што дава поддршка на пазарот за потрошувачки и деловни кредити, како и владино финансирање за приватните фирми кои ќе откупат недвижнини што западнале под хипотека поради неисплатени и проблематични кредити.

XS
SM
MD
LG