Линкови за пристапност

Објавена  листата на жртви од обвинетиот измамник Бернард Мадоф


Документот од 162 страници содржи имиња од неколку илјади клиенти кои инвестирале со Мадоф, вклучувајќи и добротворни фондации, познати лица, негови роднини, дури и неговиот адвокат.

Документот е поднесен до американскиот суд за банкротство во Менхетн, Њујорк.

Меѓу имињата на неговите клиенти се и легендарниот фрлач во безбол Сенди Кофакс, сопственикот на Њујорк Метц, Фред Вилптон, Универзитатот Колумбија, како и финанфиските институции Банка на Америка и Ситигруп.

Обвинителите го гонат 70-годишниот Медоф за раководење на пирамидална шема која илегално користи пари од нови инвеститори за да ги отплати претходните. Официјални лица велат дека во изматата се „изгорени" 50 милијарди долари.

Против Мадоф официјално не е покренато обвинение и моментално се наоѓа во домашен притвор во мулти-милионски апартман во Њујорк.

XS
SM
MD
LG