Лидерот на мнозинството во Сенатот, Хари Рид вели дека конечното гласање по планот на претседателот Барак Обама за одобрување на економска помош за државата може да се случи денеска.
Ова се очекува откако сенаторите вчера едногласно го усвоија амандманот за обезбедување на даночно олеснување од 15.000 долари за оние кои би купиле нови домови.
Одредбата, спонзорирана од републиканскиот сенатор Џони Исаксон, би значела дополнителни 19 милијарди долари на планот на претседателот Обама за обезбедување на пакет помош во висина од 900 милијарди долари.
Сенатот едногласно ја одобри и промената на таканеречената одредба „Купувајте американско". Оваа одредба неодамна мина во Претставничкиот дом. Мерката налага во рамките на сите јавни проекти финансирани од стимулативниот пакет, да се користат само американски производи. Вчера усвоената промена значи одредбата да биде „применета на начин согласно американските обврски и меѓународни договори".
Поддржувачите на мерката велат дека таа би значела поттик за американскиот производствен сектор. Сепак, претседателот Обама и другите кои не се согласуваат со промената, велат дека ова би можело да доведе со трговска војна.