Линкови за пристапност

Огромен број Американци се собраа да го поздрават новиот претседател


На инаугурацијата чекаа многумина Американци. И покрај студот, огромен и ретко виден број воодушевени луѓе се собраа на Националното шеталиште во центарот на Вашингтон, за да чујат новиот претседател како дава глас на нивните надежи и соништа.

- Дојде време да се реафирмира нашиот истраен дух, да избереме подобра наша историја, им порача Обама на Американците.

Таквата порака имаше одглас меѓу многумина во морето луѓе кои дојдоа да бидат дел од историјата.

- Во моментот кога ја заврши заклетвата со зборовите - Господ нема ми е напомош - радоста на лицата на оние околу мене и вистинското чувство за подобра иднина беше толку големо. Имаше многу солзи-радосници и насмевки, вели една од присутните.

На пат од Конгресот до Белата куќа, Обама со сопругата Мишел излегоа од автомобилот и дел минаа пешки, отпоздравувајќи на насобраните долж историската Авенија Пенсилванија.

Потоа започна традиционалната парада – со 15.000 учесници, 240 коњи и десетина оркестри.

Луѓето во Вашингтон вчера славеа и беа инспирирани.

- Обама не` испирираше. Ајде сите во Америка – да се нафатиме и да направиме нешто – можеме ако тоа го сториме заедно, рече една жена меѓу насобраните за парадата.

XS
SM
MD
LG