Линкови за пристапност

Светската криза ги погаѓа и технолошките гиганти


Некои од најголемите технолошки компании почнаа со отпуштања во обид да ја преживеат глобалната рецесија.

Вториот најголем производител на компјутери во светот - Дел – ќе затвори 1.900 работни места во Ирска како дел од планот за намалување на трошоците за три милијарди долари. Компанијата исто така соопшти дека дека ќе префрли дел од производните капацитети во Полска за да заштеди на работната сила.

Леново, четвртиот најголем производител на компјутери, соопшти дека ќе намали 11 проценти од работната сила откако предвиде дека ќе загуби пари во првите три месеци од годинава.

Најголемиот производител на компјутерски чипови – Интел - предупреди дека продажбата може да опадне за 20 проценти.

Корпорацијата И-Ем-Си, најголемиот производител на системи за чувување на деловни податоци ќе отпушти седум проценти од работната сила поради забавената економија. Оваа корпорација планира да ги намали трошоците за околу 350 милиони годинава, додека во 201-та за уште 150 милиони.

XS
SM
MD
LG