Белата куќа смета дека „организиран“ банкрот е една од опциите што се разгледува, а со која би се нашол излез за ситуацијата во која западнаа трите најголеми автомобилски производители во САД, Крајслер, Форд и Џенерал Моторс.
Таканаречените „Големи три“ претходно побараа владина помош од 14 милијарди долари. Портпаролот на Белата куќа Дејна Перино вели дека владата е близу до тоа да изнајде решение.
Вчера Крајслер најави дека поради кредитната криза и драстично намалената продажба на возила ќе ги затвори сите 30 фабрики за производство за најмалку еден месец, почнувајќи од овој петок.
И од САД, и од
светот пристигаат загрижувачки вести за состојбата на економијата.
Глобалната економија ќе се соочи со
тешки времиња во првата половина од 2009-та, предупреди претседателот на
Светската банка Роберт Зелик. Зелик денес ги повика земјите да не
прибегнуваат кон протекционизам поради економската ситуација, наведувајќи дека
токму од одлуките на нивните влади ќе зависи дали и како ќе тече економскиот
опоравок. Роберт Зелик предвидува
проблеми со екеономскиот растеж во првата половина на 2009-тата, особено во
Азија.
Во САД, бројот на пријавени за социјална помош поради невработеност минатата недела останал близу рекордното ниво во последните 26 години. Според денешниот извештај на владиниот Оддел за труд, 554.000 тукушто отпуштени побарале помош.
Најново истражување на јавното мислење, пак, покажа дека околу две третини од Американците се погодени од рецесијата и се загрижени дали ќе го задржат досегашниот начин на живот.