Хрватскиот претседател Стипе Месиќ вели дека односите меѓу САД и неговата земја се „многу добри" и дека очекува да останат такви.
Претседателот
Месиќ за Гласот на Америка на хрватски јазик изјави дека САД се најголемата светска сила
и дека треба да го изразат својот авторитет со поддршка на демократскиот
развој насекаде низ светот.
Месиќ кажа дека
хрватските дипломати ќе работат на
воспоставување на односи со новата администрација на Барак Обама колку
што е можно побрзо.
Во однос на Балканот хрватскиот лидер предупреди дека некои политичари претставуваат закана за регионалната стабилност. Тој посебно го спомена лидерот на Србите во Босна и Херцеговина Милорад Додик. Месиќ ја поттикна меѓународната заедница целосно да ги поддржи напорите на Високиот претставник Мирослав Лајчак, главниот меѓународен претставник во Босна да се справи со ситуацијата.
Тој исто така изрази верба дека сите држави од Југоисточна Европа со време ќе влезат во Европската Унија.
Месиќ е
во Њујорк каде претседава со заседание
на Советот за безбедност на ОН.