<!-- IMAGE -->Оние кои „искажуваат различни верувања и богопочитуваат на различни места“ имаат верба што ги води до заеднички вредности, како почитувањето на возвишеноста на животот и противењето на злоупотреба на религијата како оправдување за насилство и убиства, рече американскиот претседател Џорџ Буш, обраќајки се конференцијата за меѓуверски дијалог што неодамна се одржа во ОН.
Пред 60 години, членовите на Генералното собрание на ОН истакнаа дека сите луѓе имаат фундманетално право на вероисповед. Генералното собрание тоа го уважи во Универзалната декларација за човекови права. Декларацијата вели дека секој има право да ја избере или да ја промени верата, како и право да ја практикува – приватно или јавно.
Претседателот Буш потенцираше дека САД ја продолжуват таа традиција со што верската слобода е централен елемент на надворешната политика:
- Најенергично ги поттикнуваме државите да разберат дека верската слобода е основа за здраво и надежно општество. Не се плашиме да застанеме зад верските дисиденти и верниците кои ја практикуваат својата вера, дури и онаму каде таа не е добредојдена.
Буш рече дека во изминатите осум години на функцијата претседател забележал „како слободата и вербата може да го воздигнат животот и да го водат светот кон мир“. Тој им се заблагодари на државите кои учествуваа во меѓуверскиот дијалог во ОН. Преку дијалогот, рече Буш, може да се приближиме поблизу до денот кога нашите молитви за слобода и мир ќе бидат одговорени.