Линкови за пристапност

Обама го номинира  Ричардсон  за секретар  за трговија


Новоизбраниот претседател Барак Обама го избра гувернерот на Ново Мексико, Бил Ричардсон, да раководи со Одделот за трговија.

Обама ова го соопшти од Чикаго. Ричардсон е првиот Хиспанец именуван за кабинетот на Обама.

Обама кажа дека Ричардсон ќе биде клучен стратег во неговиот тим за економија.

Ричардсон кажа дека поттикнувањето на трговијата меѓу државите „е единствениот пат" за економско заздравување и растеж.

Гувернерот на Ново Мексико е поранешен конгресмен и служел по поранешниот претседател Бил Клинтон како секретар за енергија и американски амбасадор во ОН.

Ричардсон е вротиот поранешен политички ривал избран да се приклучи на новиот кабинет. Ричардсон и Хилари Клинтон, следниот државен секретар, се натпреваруваа со Обама за демократска претседателска номинација.

Одвоено од ова, транзицискиот тим на Обама се сретна и со поранешни армиски генерали и адмирали кои сакаат да се забранат суровите испрашувачки техники користени од Централната разузнавачка агенција.

XS
SM
MD
LG