Линкови за пристапност

Клучни избори за сенатско место во Џорџија


Американската сојузна држава Џорџија денеска го оддржува последниот круг гласање за избор на сенатор, по што ќе се знае дали Демократската партија ќе има цврста контрола во американскиот Сенат.

Фаворите во трката е републиканецот Саксби Чемблис и доколку победи, тоа би ја спречило амбицијата на демократите да освојат 60 од вкупно 100-те сенатски места.

60 места на демократите би им донеле таканаречено супер-мнозинство“, со што би ја отстраниле можноста републиканците да блокираат легислативи на гласање во горниот дом на Конгресот.

Во моментов демократите имаат 58 места во Сенатот. Во државата Минесота во тек е пребројување на гласовите од мошне тесната трка за сенатско место.

XS
SM
MD
LG