Линкови за пристапност

Работна група на Конгресот предупредува на опасност од голем терористички напад во наредните пет години


Работна група на Конгресот, составена од претставници на обете партии, предупредува на евентуален нуклеарен или биолошки напад некаде во светот во наредните пет години. Комисијата за спречување на тероризмот и ширење на оружјето за масовно уништување вели дека меѓународната заедница мора да реагира енергично и со чувство за итност да се спротистави на ваквата закана.

Претседателот на комисијата, поранешниот сенатор од Флорида Боб Греам изјави во вторникот - на еден ден пред официјалното објавување на извештајот - дека „нашата маргина на безбедност не се зголемува, туку се намалува“.

Работната група ги базира своите наоди врз основа на интервјуа со над 250 владини и невладини стручњаци на оваа тема. Групата ја повикува идната влада на претседателот Барак Обама да се подготви, доколку тоа е неопходно, за бактериолошка војна.

Извештајот исто така ја повикува администрацијата радикално да ја освежи политиката кон земјите во Јужна Азија каде терористите наоѓаат прибежиште. Групата го издвојува Пакистан како земја која има проблем со терористи и каде нуклеарните и биолошки материјали мора подобро да бидат обезбедени.

Конгресната работна група беше основана минатата година со мандат да го истражува ширењето на тероризмот и нуклеарното и биолошко оружје.

XS
SM
MD
LG